„ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ“
САД ќе воведат царини за увоз од ЕУ
31.05.2018 11:42
Трамп објави воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум, но направи привремени исклучоци за ЕУ, Канада, Мексико, Бразил, Австралија и Аргентина.

Според весникот „Волстрит џурнал“, САД наскоро ќе воведат царини за челик и алуминиум од ЕУ.
Во март, претседателот Доналд Трамп објави воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум, но направи привремени исклучоци за ЕУ, Канада, Мексико, Бразил, Австралија и Аргентина.
Официјален Брисел инсистира на трајно исклучување од царините.
