КОСОВО

Тачи тврди дека Приштина е подготвена за дијалог и компромис

31.05.2018 12:01

Приштинските медиуми известуваат дека српски деца биле нападнати од група Албанци на игралиште во Старо Грацко на Косово...

За косовскиот претседател Хашим Тачи, за успешен дијалог со Белград се потребни ангажман од Брисел и од Вашингтон. Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај реагираше на изјавата на амбасадорот на Руската Федерација во Белград Александар Чепурин, кој рече дека, доколку Србија смета дека е оправдана размената на територии со Косово, Москва ќе го поддржи таквиот процес.

Приштинските медиуми известуваат дека српски деца биле нападнати од група Албанци на игралиште во Старо Грацко на Косово. Жителите се обиделе да ги одбранат децата, при што се повредени жена и шестмесечно бебе од српска националност. Интервенирале полицијата и медицинските екипи.