Заев: Не смееме да бидеме песимисти за датум за преговори
Верувам дека со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а шансите се помали доколку проблемот со името не е решен- одговори премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата...

Дали имаме гаранција за датум за преговори- јас верувам дека со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а шансите се помали доколку проблемот со името не е решен- одговори премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата.
Пратеничката Љиљана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев, зошто бил одбиен предлогот „Република Илинденска Македонија“ од страна на Грција кога во медиумите беше кажано дека предлогот е договорен од двете страни и дека се работи за „ерга омнес“ решение.
„Треба да направиме напори, до средината на јуни, 20-ти јуни, кога е возможно, да се обидеме да најдеме решение на проблемот со името, за да можеме да имаме зголемени шанси за добивање на датум за преговори, секако ја очекуваме и автоматската покана за НАТО“, изјави премиерот Заев од собраниската говорница.
Нон- пејперот на Брисел е добиен пред Самитот Европска Унија- Западен Балкан во Софија, сепак не смееме да бидеме песимисти за датум за преговори, им одговори премиерот Заев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, според Заев, не треба да ја обесхрабрува Македонија, која доби чиста препорака во последниот извештај на ЕК.
