Метео: Сончево, максимална температура до 34 степени
31.05.2018 13:59
Во Скопје се очекува дневната температура да достигне до 32 степена. Вредноста на УВ индексот ќе се зголеми на коефициент 8.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и уште потопло време со максимална температура до 34 степени.
Во Скопје се очекува дневната температура да достигне до 32 степена. Вредноста на УВ индексот ќе се зголеми на коефициент 8.
Попладне во крајните западни делови ќе има локално наоблачување со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
