Заев: Блиску сме до решение
Предлогот „Илинденска Македонија“ за жал не помина во Грција. Премиерот Заев убедува дека се блиску до решение со соседот, но на пратеничките прашања не одговори за кое име се преговара...

Зошто е отфрлен предлогот „Република Илинденска Македонија“ и дали е прифатено ерга омнес за друг предлог, го Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Заев. Дали има гаранции дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.
Владата е транспарентна во процесот, но мора да се води сметка да не се загрозат преговорите, вели шефот на Владата. Заев рече дека е можно решение до самитот на Советот на ЕУ. Појасни дека Владата го имала нон-пејперот пред самитот во Софија. Тој е легитимен, а Македонија треба да ги направи потребните чекори. Како што додаде, со Ципрас имале начелен договор за предлогот Илинденска, но опозицијата во Македонија и во Грција го отфрли. Премиерот без одговор за каков предлог се разговара.
Заев потврди дека до вселенскиот патријарх Вартоломеј, во координација со МПЦ, испратил писмо да се ангажира за решавање на долгогодишното прашање, но дека не се бара бришење на зборот македонска. Појаснување побараа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
И Синодот на МПЦ-Охридска архиепископија ги негира информациите во јавноста дека од Вселенската патријаршија било побарано признавање на статусот на црквата со бришење на терминот македонска. Се појаснува дека деновиве јавно ќе бидат објаснети позициите во напорите за признавање на статусот на МПЦ од целата православна икумена.
Милчо Велески
