Со Бошко Ѓуровски во почеток на нова ера без најискусните
Македонија живее за голем спортски резултат, посебно во фудбалот. И затоа, нема подобар мотив да се придонесе за неа, од тој - да се остварат добри резултати. Со вакво мото, новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија Бошко Ѓуровски, наредната среда против Летонија во Скопје ќе отвори ново поглавје во историјата на нашиот национален тим. Без Горан Пандев и без Николче Новески, двата темела од минатите циклуси, Ѓуровски ќе почне да гради селекција од којашто ќе се очекува да ги надмине претходните неуспеси и разочарувања.

Мешавина од поискусни фудбалери и од неколкумина коишто досега поретко добиваа или воопшто не добиваа шанса. Таков е изборот на селекторот за контролката со Летонија. Повика 22-ца играчи, меѓу нив двајца дебитанти – бекот Кире Ристевски и напаѓачот Крсте Велкоски, но и повратникот Горан Попов, којшто беше отстранет од селекцијата пред година и пол поради недисциплина.
Голмани ќе бидат Пачовски и Наумовски. За место во одбраната, покрај Попов и Ристевски, ќе конкурираат и Георгиевски, Тодоровски, Грнчаров, Шиков и Мојсов. Средниот ред селекторот ќе го составува од Демири, Стјепановиќ, Спировски, Хасани, Тричковски, Агим Ибраими, Марио Ѓуровски и од Муарем. За нападот ќе избира меѓу Ивановски, Костовски, Блажевски и Бесарт Ибраими.
„Моја цел со Летонија ќе биде да ги видам нашите играчи на дело и да проверам колку се подготвени да ги спроведат моите идеи на теренот. Верувам во нашата репрезентација, ако одиграме квалитетно и на ниво, можеме да победиме. Иако ова ќе биде само пријателска средба, ќе биде важно да победиме, за успех и за позитивна енергија во и околу тимот, за да можеме со поддршка од јавноста да го бараме правиот пат во квалификациите за ЕП во Франција 2016 година“, вели македонскиот селектор.
Во изборот на Ѓуровски го нема Николче Новески. Искусниот дефанзивец на Мајнц побарал време до крајот на оваа полусезона да реши дали и натаму е подготвен да го носи репрезентативниот дрес. „Ако тој сака и натаму да игра за Македонија, за него сигурно ќе има место“, објасни селекторот.