УЈП: Со сторнирање фискални сметки заработуваат милиони
Сторни фискални сметки, неиздавање, или нивна замена со компјутерски, разлика на готовинскиот промет во каса и евидентираниот во системот, и покрај редовните контроли и високи парични глоби, инспекторите на Управата за јавни приходи утврдиле од 311 контолирани објекти дека кај стотина царува сивата економија. Даночен обврзник од Охрид се обидел незаконски да заработи над 1.400 евра пријавувајќи помал промет од собраните пари во касата...

Со неиздавање или сторнирање на фискални сметки, деловни субјекти незаконски заработуваат неколку илјади евра. Данок затајуваат и со прикажување помал приход од реално остварениот. Од 311 контролирани објекти, кај третина од нив инспекциските контроли открила злоупотреби на фискализацијата, меѓу нив реномирани ресторани, барови, бутици. Охридски даночен обврзник во каса има промет од над 136 илјади денари, на државата ѝ пријавил само 53 илјади, велат од УЈП.
Законски не е ограничен бројот на фискални сметки што може да се сторнираат, но инспекторите ги лоцираат сомнителните објекти преку повеќемесечни ДДВ конторли. Од УЈП велат- потрошувачите што не ги земаат фискалните сметки им даваат добра шанса на даночните обрзници да ја оштета државната каса.
Казните се движат од 1.500 до пет илјади евра за правни лица, од 500 до 700 за сторителот на незаконското дело. Од УЈП велат, казните се плаќаат, но дел од даночните обврзници удреди по џебот, продолжуваат да го изигруваат законот.
Најголем број злоупотреби на фискализацијата се регистрирани во Скопје, најамлку во Делчево и Каменица. Од Управата најавија, на мета на инспекторите ќе бидат и туристичките агенции и летните фестивали.
Сузана Фиданска- Стоевска
