Германија

Полицајка застрела азилант поради напад со нож

31.05.2018 15:41

Според првичните информации, таа го употребила своето оружје и го убила напаѓачот...

По верална расправија, 24-годишен азилант со нож нападнал маж на воз кој се движел кон градот Фленсбург. Повредена е и полицајката којашто се обиде да интервенира.

Според првичните информации, таа го употребила своето оружје и го убила напаѓачот. Засега тероризмот е исклучен како мотив за инцидентот.