Меморијален комплекс на Француските воени гробишта во Битола

31.05.2018 15:56

Битките на Македонскиот фронт во Првата Светска војна одбележани со францускиот меморијален комплекс на Воените гробишта во Битола. Посветен е на околу 130 илјади македонски жртви, цивилни или воени во големата војна, и 16 илјади француски војници кои го положија животот на фронтот. Министерката Шекеринска, вечер ќе биде одликувана со орден „Командант на националниот ред на заслуги за Франција“...

Со отварањето на овој нов меморијал го збогатуваме материјалното и духовното наследство за Првата Светска војна. Симбол на заеднички страдања, но и на зближување, пријателство и соработка помеѓу двете држави. Во тој правец ние како претставници на владите имаме и најголема одговорност и обврска да ги негуваме и гарантитаме вредностите на мирот и соживотот, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Македонија во својата историја ги преживеа и раздорот и конфликтите, изборувајќи се за соживот и просперитет. Пред два дена бев во Париз на Светот за надворешна политика каде од страна на Франција уште еднаш беше потврдена поддршката за нашите ЕУ аспирации“, рече министерката Шекеринска.

Овој меморијален паметник отворен во годината кога се одбележува еден век од трагичните настани од Прват Светска војна им одава уште една почит на жртвите, но и го збогатува значајното место на Македонскиот фронт во европската историја.

„Вашиот град и население се покажа како храбар пример во ужасните настани зафатени во 1918-тата година. Ние добро сме запознаени со страдањата што ги претрпи цивилното население. Франција ве има поздравувано преку многу одликувања, тоа ќе го правиме и во иднина“, изјави државниот секретар на оружените сили на Франција, Женевиев Дариесек.

На Македонскиот фронт се бореле околу 300.000 француски војници. Загинале околу 16.000, од кои на повеќе од половината не им се знае ниту името. Првта светска војна Битола ќе ја памети и по податокот дека по германскиот Вердер бил најбомбардираниот град.

 

Стевче Митревски