Пописот ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април 2020-та
Ќе се користи комбиниран метод- покрај податоците од терен, ќе се земат предвид и податоци од регистри. Се проценува дека статистичката операција ќе чини 8,5 милиони евра...

Пописот ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април 2020-та година. На терен ќе бидат ангажирани околу 5 илјади попишувачи. Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во интервју за МИА.
Овој пат ќе се користи комбиниран метод- покрај податоците од терен, ќе се земат предвид и податоци од регистри. Се проценува дека статистичката операција ќе чини 8,5 милиони евра.
Симовски очекува дека со спроведување на новиот попис, институцијата ќе докаже дека е кадарна за вакво нешто, и како што вели, дека најмалку до нив била причината за неуспешниот попис во 2011-та.
Нема да се користат хартиени прашалници, туку пописот на терен ќе се спроведува со користење лап-топ. На ваков начин, за многу пократко време ќе се добијат конечните податоци, наместо да се чека година ипол до две.
