Одложено рочиштето за случајот „Насилство во Центар“

01.06.2018 10:32

На судењето не се појави еден од обвинетите бидејќи бил на службено патување.

Повторно одложено рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“. На судењето не се појави еден од обвинетите бидејќи бил на службено патување.

Претседателот на судот, Иван Џолев треба да реши и по барањето на одбраната за изземање на судијата Душан Јосифов. Адвокатите се повикаа на изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека во прислушуваните разговори се опфатени одредени судии.

Обвинителката Фетаи побара да се отфрли барањето како неосновано. Во предметот, покрај екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, обвинети се уште 10 лица.