Здравство

Нова сензорна соба за подобра дијагностика на децата со аутизам

01.06.2018 13:30

Нова сензорна соба во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас. Ќе се испитува психомоторниот развој на децата, а ќе се работи и на нивната социјализација. Сензорната соба е наменета за деца со тешки развојни нарушувања и аутизам.

Сензорна соба за децата со аутизам, за подобра дијагностика. Тука децата ќе бидат дополнително анализирани. Ќе се испитува сензитивноста и психомоторниот развој на децата, а ќе се работи и на социјализација. Сензорната соба е наменета за деца со тешки развојни нарушувања и аутизам.

„Ќе се изработува сензорен профил кој ќе покаже на кои стимулации децата се хиперсензитивни или хипосензитивни, од тука ќе се направи планот за работа во сензорната соба. Покрај тоа, ќе се испитува и психомоторниот разбој на детето, како и испитувања на говорот. Новина е тоа што тука ќе работиме групна терапија кој што е важна овие дечиња да се вклучат во друштвото преку плејтерапија и арттерапија“, вели д-р Силвана Филипова, директор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас.

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас работат 14 логопеди. Но, тие не се доволни. Ресорниот министер најавува нови вработувања.

„Упативме барање во Министерството за финансии за дополнителни вработувања на 17 дефектолози. Дел од нив ќе бидат и од албанското говорно подрачје, а продолжуваме и со проектот за нов Центар за аутизам“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега нема најава за отворање на центри за деца со аутизам во другите градови, Филипче вели, новиот центар за аутизам кој ќе се гради во населбата Топанско поле ќе биде доволен за целата држава.

 

Андријана Атанасовска