Метео: Променливо време за викендот, температурата до 32 степени
01.06.2018 13:39
Утре од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено во западните делови каде се можни поинтензивни процеси со засилен ветер и можна појава на град.

За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степена.
Утре од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено во западните делови каде се можни поинтензивни процеси со засилен ветер и можна појава на град.
Услови за поизразена нестабилност се очекуваат и во недела повеќе во источните региони.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
