Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на Рахој
01.06.2018 13:50
За смена на Рахој гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против. Санчез ќе ја презеде функцијата в понеделник...

Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Маријано Рахој. Функцијата ја презема лидерот на социјалистите Педро Санчез.
За смена на Рахој гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против. Санчез ќе ја презеде функцијата в понеделник и ќе именува свој кабинет следната недела.
Рахој во Парламентот изјави дека му била чест да биде премиер на Шпанија и го радува што зад себе ја остава земјата во подобра положба отколку при неговото стапување на функцијата.
