Социјала

Почна кампањата „На секое дете му треба семејство“

01.06.2018 14:43

Секое дете треба да расте во семејство, опкружено со љубов, вели министерката за труд и социјала Царовска. Ги повика граѓаните да придонесат во системот на социјалната заштита, да се регистрираат како згрижувачи, да поминат обука за да чуваат дете...

Секое дете треба да расте во семејство или најблиску налик до него, опкружен со топлина и љубов. Децата го заслужуваат тоа. Покрај грижата за сопствените деца, македонски семејства несебично родителска љубов може да им дадат на оние кои се сместени и живеат во социјалните институции, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во следните два месеца ќе се организираат отворени денови во 30 градови преку Центрите за социјална работа и СОС Детско село, за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност да дознаат повеќе и да станат згрижувачки семејства. Ова е дел од кампањата на Министерството и УНИЦЕФ.

Заинтересираните ќе треба да се пријават и да се регистрираат како згрижувачи, да поминат обука, да добијат дете и да се грижат за него. Министерката Царовска посочи дека листата на посвоители е многу голема, додека на децата кои се достапни за посвојување е многу мала. Порача да се поедностави постапката за да секое дете добие родителска грижа и дом.

Наташа Гркова- Петрушевска