Иванов побара од Заев да му ја достави документацијата за преговорите

01.06.2018 14:49

Ставот на шефот на државава дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата за името во рамките на Обединетите нации...

Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување поширок консензус за прашањето за името, претседателот Иванов од премиерот Заев бара да му го достави предлогот за водење на преговорите со уставна основа, нацрт-договорот и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

Ставот на шефот на државава дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата за името во рамките на Обединетите нации, и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, велат од претседателскиот кабинет.

Иванов бара постигнување национален консензус за надминување на разликата со името и изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.