Јанушев: Се распродаваат националните интереси
Секојдневно како на пазар се лицитира и се распродаваат државните и националите интереси, изјави генералниот секретар на партијата Јанушев.

Владата ветуваше живот за сите граѓани, но тие едвај преживуваат, велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Секојдневно како на пазар се лицитира и се распродаваат државните и националите интереси, изјави генералниот секретар на партијата Јанушев.
„Секојдневно како на пазар се лицитира и се распродаваат државните и националните интереси. Со името на државата се постапува како да е име на фирма на Заеви, далеку од очите на јавноста, за лични интереси на криминалниот картел на власт се преговара за се и сешто и тоа се крие од граѓаните. До вчера Заев се колнеше дека не помислува на промена на Уставот за да го менувал уставното име, за потоа да не убедува дека се премислил бидејќи му се видело убаво како име Илинденска Македонија. Сега ни кажува дека заради Грците и тоа име отпаѓа ама убаво ќе било и без тоа име да се преземе обврска за менување на Уставот“, изјави Јанушев.
