Слаб земјотрес почувствуван синоќа во Скопје

04.06.2018 08:32

Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Скопје на длабочина од еден километар...

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Скопје на длабочина од еден километар.

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ соопшти дека земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.