Хомеопатските вакцини алтернатива за конвенционалните

26.02.2014 15:48

Веројатно не сте ни чуле за нив, затоа што хомеопатијата не се рекламира никаде. Државните власти во Канада имаат издадено официјално одобрение за носодите-односно хомеопатските вакцини, па така граѓаните на Канада можат да избираат со што ќе се вакцинираат.

Хомеопатијата е терапевтска метода која го применува „законот на сличноста“ и корис ти медицински супстанци во многу мали количества. Тие бесконечно мали дози се немерливи со истражувачки инструменти. На пример, на 99 капки дестилирана вода се додава една капка од вирусот на грип. Таа содржина се протресува 100 пати. Потоа од таа смеса се зема една капка и се додаваат 99 капки вода и повторно се протресува 100 пати. Постапката се повторува до моментот кога  хомеопатот е готов со процедурата. Кога ќе се анализира таа смеса во лабораторија, се покажува како да е само вода. Но тајната лежи во вибрациите што оставаат трага на смесата, што е всушност навлегување во подрачјето на квантната медицина и суптилната енергија, нешто што се уште не се проучува доволно. Постојат два вида хомеопатски производи, едните подготвени со здрави растенија, животни и минерали, а другите со материјал од болните ткива( nosos на грчки значи болест,оттаму и зборот носоди).

За разлика од конвенционалните инјекции, хомеопатските влегуваат во организмот преку слузокожата на устата. Носодите тогаш дејствуваат како и другите вакцини со стимулација на имунолошкиот механизам. Најважно е што носодите  не содржат жива и алуминиум како конвенционалните вакцини. Тоа е холистичкиот пристап на хомеопатијата, но за жал, не ја поддржуваат многу луѓе. Најмногу поддршка се уште имаат конвенционалните вакцини, бидејќи зад нив стои фармацевтската индустрија чиј главен интерес е профитот.

Сепак, тешко е да се каже колку се ефикасни хомеопатските вакцини, затоа што нема доволно лабораториски истражувања. Анализите се скапи и затоа здравствените власти не се заинтересирани. Светла точка е Канада, земја која има строги контроли и тешко дека би се решила на ризик за своето население. На граѓаните им дава избор и  оди со проверена листа производи. Стопроцентна гаранција за заштита од заразните болести нема ниту кај едните ниту кај другите вакцини. Иако не постојат лабораториски истражувања, од 19 век наваму откако постепено навлегува хомеопатијата, опсервациските истражувања покажале дека хомеопатските вакцини имаат добри ефекти, особено во текот на епидемиите. Пример, една студија од 1974 покажува дека за време на епидемија во Бразил, од 18 640 деца што добиле носоди, само 4 деца заболеле од менингитис. Во однос на резултатите на 32 заболени од 6340 невакцинирани деца, хомеопатските вакцини покажуваат добри ефекти. Друг пример во 1950 година при епидемија на полио или детска парализа, од 50 илјади деца што примиле хомеопатски препарат, заболело само едно, наспроти резултатите од општата популација кај која има многу повеќе од едно на 50 илјади. Поновите истражувања, повторно во Бразил каде што има многу хомеопати, покажале дека ефектите од вакцините биле 95% ефикасни во текот на 6 месеци, а во текот на 12 месеци до 91%. Според истражувањата не се работи за подигање на нивото на антителата, туку за многу подлабоко дејство на имунолошкиот систем. Хомеопатите вака го објаснуваат тоа –хомеопатските лекови ја намалуваат осетливоста на пациентите од динамичното дејство на вирусите и на бактериите, со што ја намалуваат предиспозицијата вирусите и бактериите да го совладаат нивниот организам.

Важно е да се напомене дека носодите се користат кај животните од поодамна. Во Канада се одобрени 150 хомеопатски вакцини, а кај нас се уште не се ни зборува за тоа. Ние имаме премалку информации за ефектите од хомеопатските лекови и вакцини. За ова треба сериозно да размислуваат и родителите и стручната јавност и здравствтените власти, но се чини дека класичната медицина се уште не е подготвена да препушти простор за природниот и помалку штетен начин на лекување. Доколку вака се размислува, луѓето ќе се заштитат од штетните последици од силните синтетизирани хемикалии и други соединенија кај кои гледаме спас како да се магични и семоќни.

Во Македонија хомеопатијата срамежливо навлезе пред околу две децении, има стотина хомеопати кои секој на свој начин го нашол патот до сознанијата. Има само една хомеопатска аптека во Скопје, а една странска руска компанија каде што хомеопатијата е на повисоко ниво гради и фабрика за производство на хомопатски препарати, главно наменети за извоз. 

 

Соња Стојановска