Над 20 лица загинаа при ерупција на вулкан во Гватемалa

04.06.2018 10:04

Еден од најактивните вулкани во Централна Америка исфрла стопени карпи, црн чад и пепел.

20-тина лица загинаа, а околу 300 се повредени при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала.

Еден од најактивните вулкани во Централна Америка исфрла стопени карпи, црн чад и пепел. Евакуиран е дел од населението, а властите го затворија аеродромот Аурора во главниот град.