Невреме

Град ги уништи овошките во Радовиш

04.06.2018 10:30

Во Катлановско исто така имаше порој и врнежи од град во текот на ноќта...

Град со големина на лешник вчера попладне паѓаше во Радовишко. Уништени се посевите и овошките во овој регион.

Во Катлановско исто така имаше порој и врнежи од град во текот на ноќта. Повеќе информации очекуваме од надлежните во текот на денот.