Полицијата во тетовско Ларце затрела лице барано со потерница

04.06.2018 12:57

Осуденикот пружил активен отпор фрлајќи бомби кон полициските службеници и стрелајќи неколку пати кон нив при апсењето...

МВР изутрината се обидело да упаси осуденик во тетовското село Ларце, за кој постоеле меѓународна и целтрални потерници, за отслужување на затвроска казна во траење од речеси 27 години. Притоа, осуденикот пружил активен отпор фрлајќи бомби кон полициските службеници и стрелајќи неколку пати кон нив при апсењето.

При повторниот обид за негово лишување од слобода, лицето повторно стрелало кон полицајците и се обидело да фрли уште една рачна бомба, по што е лишено од живот.

За него биле поднесени шест кривични пријави за убиство, грабнување, недозволено оружје и кражби.