ВМРО-ДПМНЕ: Економската клима се влошува

04.06.2018 13:14

Заев се богати, го купи струмички „Герас Цунев“, а неговите камиони превезуваат руда за РЕК Битола, тврдат во ВМРО- ДПМНЕ.

Откако е СДСМ на власт, граѓаните се повеќе осиромашуваат. Заев се богати, го купи струмички „Герас Цунев“, а неговите камиони превезуваат руда за РЕК Битола, тврдат во ВМРО- ДПМНЕ.

Нема 500 евра плата, нема 100 илјади денари личен доход за лекарите, нема поврат на 15 насто ДДВ, ниту социјална помош од 12 илјади денари и бесплатно болнички лекување, велат во партијата. Прашуваат каде се 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта.

Во ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека сѐ што ветила СДСМ е голема лага и потсетуваат на зголемувањето на акцизата на дизелот, со што е намалена платата во земјава.