Алаѓозовски му ја предаде функцијата на Адеми
Алаѓозовси нагласи дека културата се наоѓа во реформски процес и од Адеми очекува политика на континуитет и реализација на донесената Стратегија за културен развој.

Алаѓозовски останува во Владата, но како советник на премиерот Заев. Новиот министер, Асаф Адеми ја презеде министерската функција. Алаѓозовси нагласи дека културата се наоѓа во реформски процес и од Адеми очекува политика на континуитет и реализација на донесената Стратегија за културен развој.
„Очекуваме нов колективен договор за вработените во културата. Имаме и готов предлог-концепт за нов закон за културата, така што ова е еден вид штафетно примопредавање. Ние со полна брзина ја предаваме работата и сите наши досегашни резултати и процеси на новиот министер и на новиот кабинет и очекуваме дека со истата брзина работата ќе продолжи понатаму. Целта е граѓаните и културните работници да добијат еден современ систем кој во изминатите 11 години знаеме како беше девастиран“, изјави Алаѓозовски.
Адеми по преземањето на функцијата нагласи дека ќе биде министер за сите, без разлика на нивната етничка, партиска и верска припадност.
„Ќе се потрудам да креирам унитарен културен идентитет за сите и да градам мостови на културна соработка меѓу сите заедници и сите граѓани во Република Македонија“, рече новиот министер за култура.
Примопредавањето го направија и министерката за образование и наука Дескоска со новоизбраниот министер Арбр Адеми. Дескоска го пополнува испразнетото место во правда.
