Парични казни за директорката и училиштето во Радовиш за ифтарската вечера
04.06.2018 14:39
По направениот увид од инспекторите, одлучено е правно лице да се казни со 1.600 евра, а одговорно лице со 1.120 евра.

Државниот просветен инспекторат со парични казни за основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ и директорката Олгица Стојанова. Причина- одржување верски обред, ифтарска вечера во холот на образовната институцијата.
По направениот увид од инспекторите, одлучено е правно лице да се казни со 1.600 евра, а одговорно лице со 1.120 евра. Според најавите, ќе биде поднесено и барање до Општина Радовиш за разрешување на директорката.
