Управување со отпад

Ќе се формира нова Агенција за животна средина

04.06.2018 14:45

Ќе се формира нова Агенција за животна средина. Ова е предвидено со планот за управување со отпад. Телото ќе треба да придонесе за имплементирање на политиките на ресорното министерство. Пред земјава е процес на усогласување со строгата регулатива на Европската унија...

Користење платнени торби наместо пластични кеси како еден од начините за намалување на количеството на отпад- советува Министерството за животна средина. Почнува нов проект во соработка со Европската унија. Производителите ќе имаат обврска да ги отстрануваат и да ги рециклираат отпадните материјали што ги создаваат.

„Целта за создавање нула отпад мора да си ја поставиме како цел, но не значи дека е возможна во наредните 20 – 30 години но мора да се фокусираме на истата. За да не се создава отпад исто така треба да се фокусираме на реупотребата да купуваме производи кои што подолго ќе траат или да се потрудиме производите кои ги купуваме и кои се расипале прво да ги поправиме за да можеме и понатаму да ги користиме или да ги подариме на некој кој може да ги користи“, изјави Ана Каранфилова Мазневска, Сектор за управување со отпад при Министерството за животна средина.

Во новиот национален план е предвидено основање на агенција за животна средина.

„Во новиот нацинален план има предлози, новини кои ги немаше во стариот. Производителите на искористените возила, на искористените гуми и масла и на стариот текстил ќе имаат обврска и ќе бидат одговорни за отстранувањето и за рециклирањето на отпадните материјали кои ги создаваат“, вели Греам Брн, постојан твининг претставник во Македонија.

Целта на проектот е усогласување и имплементирање на регулативата на Европската унија преку зајакнување на административните капацитети за управување со отпад, и на централно и на локално ниво. Европската комисија веќе им предложи на земјите- членки да забрнат десетина производи што секојдневно се употревуваат, а коишто содржат пластика за да се спречи натамошно загадување на животната средина.

 

Андријана Атанасовска