Убиен криминалец баран со потерница
Полицајците тргнале да го апсат, тој кон нив фрлал бомби и пукал од автоматска пушка. Бил застрелан. Во тетовско Ларце оружена престрелка меѓу припадниците на МВР и 38- годишен жител на селото кој се барал со потерници за да одлежи затвор. Убиство, грабнување, недозволено поседување оружје, кражба, разбојништво се само дел од кривичните дела...

Во тетовско Ларце вооружена престрелка меѓу полицијата и 38- годишен жител од селото. Се барал со меѓународна и домашни потерници за затворска казна од речиси 27 години. По неколку обиди за апсење, бил лоциран во неговиот дом. Врз полициските Тигри кои сакале да го уапсат, фрлал бомби и стрелал од автоматска пушка. Кога сакал да побегне, се обидел да активира уште една рачна бомба, но на 200 метри од неговата куќа бил застрелан од полицијата, велат од МВР.
38- годишникот се барал за издржување на вкупна казна зартвор 26 години и 10 месеци. Во периодот од 2000-та до 2016-та против него биле поднесени 6 кривични пријави за 16 тешки криминални дела.
Од Обвинителството потврдуваат дека е сторител на убиство, грабнување, недозволено поседување оружје, кражба, разбојништво. Полицијата досега четири пати се обидувала да го уапси, но тој секогаш давал отпор со оружје и успевал да ја избегне правдата.
Изутринава по настанот увидни екипи прибрале доказен материјал од самото место и бил даден на вештачење. Јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.
Наташа Гркова- Петрушевска
