Шекеринска: Европа го потврди нашиот успех

04.06.2018 16:00

Според неа, треба да се знае дека во нашиот случај не зборуваме за членство во Европската унија туку за почнување на преговорите и тоа е нешто различно.

„Франција ја поддржува Македонија за членство во НАТО, но точно е дека земјата има малку поразлична позиција во врска со проширувањето на Европската унија“, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за „Франс 24“.

Според неа, треба да се знае дека во нашиот случај не зборуваме за членство во Европската унија туку за почнување на преговорите и тоа е нешто различно.

„Тоа е нешто различно, тоа е тежок и долг процес кој зависи од нас, од нашата моќ за промени и реформи, но и од земјите членки на ЕУ. Ќе ги употребам зборовите на Макрон: Не треба да се чека кога ќе се појави можност. На Балканот сега се појави можност, а тоа не се случува често. И Европа сега кажува, да, има успех на Балканот. Ова е ретка можност за Македонија која е полна со етнички и религиозни различности, но е функционална демократија“, изјави министерката Шекеринска.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на директното прашање дали Шекеринска очекува на Самитот во јуни Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, министерката вели дека е оптимист бидејќи „за нешто да се одработи на Балканот, треба да се биде оптимист и да се работи“.