Објавен оглас за нови привремени членови на ДИК

05.06.2018 08:40

Одлуката за распишување на огласот, Собранието вчера ја достави до Службен весник. Трае осум дена. По завршувањето на огласот, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа.

Објавен е огласот за нови членови на Државната изборна комисија. Според договорот на власта и опозицијата, нивниот мандат ќе биде шест месеци. До есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и составот на Комисијата. 

Одлуката за распишување на огласот, Собранието вчера ја достави до Службен весник. Трае осум дена. По завршувањето на огласот, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа.

Претседателот на времениот состав и двајца членови на ДИК ќе ги делегира опозицијата, а партиите на власт ќе предложат потпретседател и тројца членови.

Членовите на ДИК се избираат со двотретинско мнозинство.