Повторно инциденти во Истанбул!

26.02.2014 15:56

Двајца навивачи на Челзи се избодени со нож на плоштадот „Таксим“ во Истанбул, во пресрет на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и лондонскиот клуб (пренос МТВ 1, 20.45).

Навивачите не се во животна опасност, а полицијата покрена истрага за случајот и ги замоли гостите од Англија да се движат во групи низ градот и да го избегнуваат возењето со подземна железница. Се очекува на стадионот „Али Сами Јен“ Челзи да има поддршка на околу 1300 симпатизери.