Протести во 13 градови во Грција за името „Македонија“

05.06.2018 10:41

Се бара подготвеност од секој Македонец и од секој Грк и Гркинка, да се одбрани Македонија, стои во повикот, објавен на социјалните мрежи.

Во 13 градови од северниот дел на Грција, утревечер ќе се одржат 13 паралелни протести за „Грчкиот карактер на Македонија“. Организаторите ги повикаа граѓаните да излезат на собир за како што стои во прогласот, да се спречи криминалот со предавање на името на Македонија на фалсификаторите на историјата.

Се бара подготвеност од секој Македонец и од секој Грк и Гркинка, да се одбрани Македонија, стои во повикот, објавен на социјалните мрежи.

Според дел од грчките медиуми се најавува протест во центарот на Атина на денот кога евентуалниот договор би се гласал во грчкиот Парламент.