ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се спротивставија на криминалите на Заев и неговиот картел на власт
Државата мора да се врати на вистинскиот пат. Мора да се стави крај на криминалот, неработењето, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите, стои во дописот од опозициската партија...

Граѓаните на Република Македонија се охрабрија, излегоа и се спротивставија на криминалите на Заев и неговиот картел на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочуваат од партијата, тие му порачаа дека е доста со политичкиот терор и тортурата врз невини граѓани и со уривање на достоинството и продажбата на државните и националните интереси.
Државата мора да се врати на вистинскиот пат. Мора да се стави крај на криминалот, неработењето, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите, стои во дописот.
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори, се вели во соопштението од опозициската партија.
