Скијање

Комисарова е парализирана!

26.02.2014 15:58

Марија Комисарова, која претрпе тежок пад на Зимските олимписки игри во Сочи, е парализирана.

„Не чувствувам ништо од половината надолу. Но силна сум и знам дека еден ден повторно ќе стојам на нозе“, изјави 23-годишната руска репрезентативка во слободно скијање.

Веднаш по несреќата, Комисарова ја посети рускиот премиер Владимир Путин, кој вети дека државата ќе направи се што е во нејзина моќ да и помогне на олимпијката. По првичната интервенција во Сочи, Комисарова се наоѓа на лекување во Германија.