Јордан: Уапсени и повредени во протестите
05.06.2018 11:52
Незадоволни се поради новиот Закон за данок којшто е поддржан од Меѓународниот монетарен фонд на штета на средната и ниската класа.

И покрај оставката на премиерот на Јордан, Хани Мулки, продолжуваат протестите против зголемувањето на данокот и мерките за штедење. Демонстрантите се судрија со полицијата којашто возврати со солзавец.
Незадоволни се поради новиот Закон за данок којшто е поддржан од Меѓународниот монетарен фонд на штета на средната и ниската класа.
Во нередите се притворени десетици лица, а над 40 припадници на обезбедувањето се повредени.
