Рекорди за Харден и за Лов
Седум натпревари, пет победи на гостите, две на домаќините, НБА ноќ која ја одбележа кошаркарот на Хјустон, Харден. Во триумфот на „Рокитс“ кај Сакраменто од 129:103, Харден постигна рекордни сезонава 43 поени. Хјустон го реши мечот уште во првиот период што го доби со 42:17.
Индијана и натаму ја игра една од најдобрите сезони во псоледно време. „Пејсерс“ се најуспешната екипа во лигата со 43 триумфи и 14 порази. Ноќеска настрадаа Лејкерс. 118:98 за Индијана, најефикасен меѓу шестемина кошаркари со двоцифрен ефект беше Џорџ со 20 коша.

Портланд е недопирлив за Денвер, па славеше и во третиот меѓусебен дуел сезонава. 100:95 за гостите кај кои најефикасен со 31 поен беше Лилард. „Трејлблејзерс“ ќе имаат шанса за „метла“ во пресметките со „Нагетс“ доколку триумфираат и во четвртиот дуел што в сабота ќе го одиграат на свој паркет.
Клупски рекорд оствари кошаркарот на Минесота, Лов кој и на шестиот дуел по ред постигна минимум 30 поени, овојпат во гостинската победа против Феникс од 110:101, реализираше 33 кошеви.
Во очекување на скорото враќање на Перо Антиќ, Атланта дома загуби од Чикаго со 107:103. „Булс“ се во добра форма и имаат седум победи во последните девет натпревари. Седум играчи постигнаа десет или кошеви, најмногу од нив Данливи 22.
Вашингтон беше подобар од Торонто благодарение на Вол кој уфрли 27 поени, додека Торонто беше поуспешен од Кливленд и тоа на гости со 99:93. Своја вечер имаше ДеРозан кој реализираше 33 коша.