Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од Исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Муслиманите во земјава и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам- намаз.
Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од Исламска вероисповед овој празник го слават три дена.
Во текот на рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат милостина на сиромашните, која што треба да се даде пред утринскиот Бајрам- намаз, а ако некој тоа не го направи, се обврзува милостината да ја даде во текот на годината.
Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.
