Продолжуваат протестите против договорот со Грција

15.06.2018 10:16

Граѓаните побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата...

Пред Собранието и синоќа протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.

Според присутните, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата.

Секој граѓанин без оглед на националноста и политичката определба треба да учествува на протестите и да се спротивстави на договорот, ова се критични времиња за државата, да им се спротивставиме на неодговорните политичари, беа дел од пораките на протестот.

Дел од присутните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Досега приведени се 10 лица поради нарушување на јавниот ред и мир.