Мицкоски: Договорот е штетен, протестен марш во недела во Битола
Лидерот на партијата Мицкоски синоќа повтори дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име.

„Решение што комплетно е спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија“, заклучок од седницата на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Мицкоски синоќа повтори дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име.
„Не постои досега меѓународен договор кој што се ратификувал од едната страна, а не се ратификувал истовремено од другата страна. Самото тоа го носи вториот заклучок кој е дека ние ќе преземеме обврски под услов да ги реализираме, а каква обврска презема Грција и која е мерката што доколку Грција не ја реализира сопствената обврска. Третата која што денеска пред јавноста во Република Македонија, дилема ќе ја отворам е како тоа владата превзема обврска да изгласа договор во Собранието на Република Македонија со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени т.е. измени во Уставот кои што се со двотретинско мнозинство“, праша Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека самиот по себе договор или спогодба како што е наречена е против Уставот.
Наместо роденденска прослава, партијата в недела во Битола ќе организира протестен марш.
