СДСМ: Граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор

15.06.2018 10:27

Според партијата, нема дилеми дека договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет, дека ги отвора перспективите на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО...

„Дилемите се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор“,  реагираше СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Според партијата, нема дилеми дека договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет, дека ги отвора перспективите на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО и дека обврските на македонската и на грчката страна се јасно дефинирани во договорот, кој што е во согласност со повелбата на Обединетите нации и меѓународното и домашното право.