ОМД: „Република Северна Македонија“ e фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина
Според организацијата, договорот со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга-омнес за севкупна употреба, како дел од пакетот-решение, претставува триумф на грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина...

Република Северна Македонија е фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина, смета Обединетата Македонска Дијаспора. Според организацијата, договорот со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга-омнес за севкупна употреба, како дел од пакетот-решение, претставува триумф на грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина- се вели во соопштението на Обединетата македонска дијаспора.
Со сериозно отсуство на јавна дебата, нулта вклученост на македонската академска фела и занемарена транспарентност во преговарачкиот процес кој се сведе на самоволие на два политички субјекта, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета пакет-решението за промена на името на државата е неосновано.
