Ново издание на „Битола Шекспир фестивал“
Во тек се подготовките за шестото издание на Битола Шекспир фестивалот. Од 23-ти до 30-ти јуни комбинирано на две сцени ќе бидат одиграни 12 Шекспирови дела од реномирани европски театарски куќи...

Битолскиот народен театар чиј ансамбал на нашите сцени има поставено и одиграно најмногу шекспирови дела ја продолжува и интернационалната традиција. Од 23-ти до 30-ти јуни ќе се одржи шестото издание на Битола Шекспир фестивалот. Годинашните организатори најавија дека на двете сцени за осумте фестивалски вечери ќе бидат одиграни 12 претстави. Фестивалот ќе биде отворен со „Јулие Цезар“ во режија на Златко Паковиќ.
„Можам да кажам дека сум задоволен па дури и воодушевен од интересот на европските театри. Имаше и такви кои се јавуваја и по затворањето на конкурсот. Сето тоа дава за право да се очекува висок квалитет, а и основа за квалитетна селекција и за догодинешниот фестивал“, вели директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ.
„Она што ни е драго е дека ќе имаме гости, окулу 500. Тоа е импозантна бројка на актери и уметниции кои ќе поминат низ Битола“, вели уметничкиот директор Илина Чоревска.
Ова е единствениот македонски театар кој досега настапил на престижната лондонска Глоуб сцена
Стевче Митревски
