Расправа за недоверба на грчката Влада

15.06.2018 10:43

Опозициската Нова Демократија покрена интерпелација за грчката влада поради договорот за името со Македонија.

Грчкиот Парламент ја продолжи расправата за недоверба на владата на премиерот Ципрас. Опозициската Нова Демократија покрена интерпелација за грчката влада поради договорот за името со Македонија.

„Сакаме решение за името и стабилност на Балканот, но за тоа е потребна стабилна и силна Грција. Сакаме решение кое нема да им штети на нашите национални интереси. Под овие околности, оваа Влада нема мандат да продолжи со нелегалниот курс и затоа поднесовме барање за гласање недоверба“, изјави лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис во грчкиот Парламент.

„Интерпелацијата на владата е добредојдена. Ова е подарок во овој критичен момент. Ова е прва можност да објаснам кој што дал или зел во расправата што 26 години ја влече државата назад“- изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, одговарајќи на обвинувањата од опозицијата.

Расправата во Атина продолжува и утре се очекува да има гласање за доверба на грчката Влада.