Честитка од претседателот Иванов по повод Рамазан Бајрам

15.06.2018 10:50

Рамазан е време на пост, солидарност, добрина и разбирање. Овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни на други, да се водржуваме од лоши мисли, а толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава...

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка по повод големиот муслимански празник РамазанБајрам.

„Рамазан е време на пост, солидарност, добрина и разбирање. Овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни на други, да се водржуваме од лоши мисли, а толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава. Македонија секогаш била пример на соживот и разбирање. Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво, бидејќи само заедно, искрени и сплотени ќе може да создаваме дела на кои ќе се гордеат идните генерации“, се вели во честитката од шефот на државата упатена до поглаварот на Исламската верска заедница, членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.