Хан: Решавањето на спорот меѓу Скопје и Атина има значење за целиот регион

15.06.2018 10:52

Тој смета дека Европската унија треба да ги исполни дадените ветувања. Очекува земјава да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори, а тоа според него, може да се преслика и на самитот на НАТО.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“, оцени дека решавањето на спорот меѓу Скопје и Атина има значење за целиот регион.

Тој смета дека Европската унија треба да ги исполни дадените ветувања. Очекува земјава да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори, а тоа според него, може да се преслика и на самитот на НАТО.

Сепак, Хан посочува дека есенскиот референдумот не треба да се меша со други избори. „Во септември или октомври треба да се одржи референдум, а јас се понудив на лице место да го промовирам решението. Во Македонија имам одреден кредибилитет, и подготвен сум да го искористам. Сепак, важно е референдумот да не се меша со други избори, бидејќи во спротивно може да биде вовлечен во партиско-политичка битка“, оценува еврокомесарот.