Франција

Анкета: Трамп е агресивен, опасен и расист

15.06.2018 10:55

Според последните анкети над 80 отсто од француските граѓани го сметаат за агресивен, расист и опасен, додека само 8 проценти изразиле позитивно мислење за претседателот на САД.

Неодамнешниот самит во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун донесе подобрување на имиџот на американскиот претседател Трамп, но сепак во очите на французите тој останува непопуларен.

Според последните анкети над 80 отсто од француските граѓани го сметаат за агресивен, расист и опасен, додека само 8 проценти изразиле позитивно мислење за претседателот на САД.

Инаку, 70 проценти од Французите сметаат дека самитот во Сингапур бил „комерцијален“, кој нема да го врати мирот во Североисточна Азија.