Зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин „Богородица“
15.06.2018 11:00
Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани.

На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд во Македонија, но не се чека подолго од десетина минути. Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани.
На грчкиот дел од границата колоната возила е некаде до граничниот камен со Македонија, но и таму задржувањето не е подолго од петнаесетина минути.
Фреквенцијата на Граничниот премин „Богородица“ е зголемена уште од почетокот на месецов поради летувањето на странските и македонските туристи во Грција.
