Москва

Русија со критики за Норвешка која бара повеќе американски војници

15.06.2018 11:58

Пред да стане основачка членка на НАТО во 1949 година, Норвешка се обврза дека нема да ја отвори својата територија за странски борбени трупи.

Русија ја критикуваше одлуката на Осло да побара од САД двојно да го зголеми бројот на војници распоредени на норвешка територија, на границата со Русија.

Пред да стане основачка членка на НАТО во 1949 година, Норвешка се обврза дека нема да ја отвори својата територија за странски борбени трупи.

„Стационирањето американски војници во Норвешка е во спротивност со одлуката од 1949 година и тоа ги потхранува тензиите и води кон дестабилизација на ситуацијата во Северна Европа“, се наведува во руската реакција.