Заев: Силно верувам во договорот, конечно се затвора прашањето за идентитетот
Премиерот Заев преку Фејсбук порача дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата...

Македонскиот премиер Зоран Заев преку Фејсбук порача дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата.
„На 73-та владина седница го разгледавме и го усвоивме Извештајот за договорот за решавање на македонско- грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Силно верувам во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата. Оваа Влада на Република Македонија треба да е горда на ова решение. Со оваа одлука испишуваме нова страница во историјата на нашата земја“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
