Попладне нестабилно време со пороeн дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град
Во западните делови сe очекува да наврне и поголема количина на воден талог, додека преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, кој попладне ќе засилува...

Нестабилно време со пороeн дожд проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава на град во попладневните часови на повеќе места најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови сe очекува да наврне и поголема количина на воден талог, додека преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, кој попладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.
