Државниот врв упати честитки до верниците за Рамазан Бајрам

15.06.2018 13:23

Претседателот Иванов посочи дека овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни со други, да се воздржуваме од лоши мисли, a толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава.

Државниот врв упати честитки до муслиманските верници по повод Рамазан Бајрам. Претседателот Иванов посочи дека овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни со други, да се воздржуваме од лоши мисли, a толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава.

Собранискиот спикер Џафери, пак, смета дека заедно и сплотени сме посилни и помудри, со што ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Македонија во вистинскиот правец, кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Премиерот Заев повика во духот на празникот да го шириме почитувањето и разбирањето едни за други. „Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот, почит и разбирање за луѓето од сите вери и нации, и да создаваме дела и вредности за следните генерации“, напиша премиерот Заев.

Со честитки до верниците излегоа и политичките парти.